Синер го освои турнирот во Виена

 Италијанскиот тенисер Јаник Синер денес го победи Русинот Данил Медведев во финалето на турнирот во Виена со 2:1, по сетови 7:6, 4:6 и 6:3.

Мечот траеше 3 часа и 6 минути.

За Синер ова беше десетти трофеј во поединечна конкуренција од АТП серија.

Медведев кој е трет на АТП ранг-листата загуби второ финале во низа од Синер кој во моментов е четврти тенисер во светот. На 4 октомври Русинот загуби од Италијанецот во финалето на турнирот во Пекинг.

Наградниот фонд на турнирот во австриската престолнина изнесуваше 2,4 милиони евра