ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР ОБЈАВИ НЕОЧЕКУВАНО ВИДЕО: Ги потрошив сите пари, се навлеков на дрога и алкохол! Се лекувам во психијатриска болница, но …

Поранешниот италијански фудбалер, Пабло Даниел Освалдо (38) ги сподели своите шокантни зборови со многубројните фанови.

Во текот на кариерата, која заврши во 2020 година, Освалдо смени голем број клубови, а меѓу другите тимови играше и за Рома, Еспањол, Саутемптон, Јувентус, Интер, Бока Јуниорс, Порто…

Тој беше препознатлив по долгата коса и турбулентниот живот, пред се на љубовен план, а на своите обожаватели им се обрати со видео порака.

На социјалната мрежа Инстаграм каде има над 580.000 следбеници објави видео во кое со солзи во очите зборува за својата ситуација. За краток период видеото собра над 115.000 „лајкови“, а пристигнаа и голем број коментари за поддршка.

-Не ми оди добро, чувствувам потреба да кажам дека извесно време се борам со депресија која ме доведе до некои зависности, алкохол и дрога. Очаен сум, – започна тој со брутална искреност и продолжи:

– Чувствувам дека мојот живот излегува од контрола. Јас сум на психијатриско лекување, земам лекови. Имам специфична болест, губење на самодовербата, депресија и многу пати потпаѓам под своја зависност. Паѓам во самоуништување и живеам сам затворен во куќата. Не одам никаде, не ми е грижа да станам од кревет, излегувам од собата само за да јадам. Западнав во многу лоша зависност што само ја влоши мојата депресија.

Италијанецот откри и дека останал без пари кои ги заработил во текот на кариерата.

– Се лекувам во психијатриска болница, но тешко излегувам од неа. Повторно паѓам во зависност и се оддалечувам од луѓето што ги сакам. Порано бев врвен фудбалер, сосема друга личност, горд и самоуверен. Ова е личност која не ја познавам. Многу ми е тешко да разликувам што е реално, а што не. Не можам сам да излезам од тоа. Го сакам тоа, сакам да се вратам и да бидам тоа што бев. Сега не знам како да излезам од оваа куќа, немам постојана работа, ги потрошив сите пари. Отсекогаш сум бил добар пријател, се надевам дека ќе бидам добар татко – изјави Освалдо .

За италијанската репрезентација играше 14 пати и постигна четири гола. Првпат ја заврши кариерата во 2016 година, а по четири години се обиде да се врати. Тој потпиша договор со Банфилд, а по половина сезона дефинитивно заврши со професионален фудбал.