ФОТО | СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ПОГОДИ САД – Торнадо уништи многу куќи, а најмалку три лица го загубија животот

Невреме со дожд и снег го покри поголемиот дел од Соединетите Американски Држави (САД), додека најмалку три лица во Алабама, Северна Каролина и Џорџија загинаа од торнада на југот на земјата.

Обилните дождови и ветрови претходниот ден погодија поголем дел од источниот брег на САД и ќе продолжат и во текот на денешниот ден, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).

На североисток се очекуваат врнежи од дожд, а во тој дел на САД некои области беа погодени од силен снег минатиот викенд, што го зголемува ризикот од поплави, пренесува медиумската агенција Reuters.

Снегот ќе продолжи да паѓа и денеска во регионот на средниот запад, северозападниот дел на Пацификот и Големите Езера, кои беа погодени од снежни виулици во понеделникот и вторникот, додека количината на снег што се очекува може да остави делови од овие региони без струја, јавува Reuters.