АРОГАНТНИ СО ПРОДАВАЧИТЕ, И ОБЛЕЧЕНИ КАКО ЗА ЗАБАВА: Како да се откријат Русинките “во шопинг” – Овие се 4 навики кои секогаш ги издаваат

Самите Руси открија неколку „финти“ кои нивните сонародници на почетокот ги издаваат. Еве неколку навики кои ги имаат Русинките кои ќе ви помогнат веднаш да ги откриете. Дознајте како се однесуваат Русинките…

Поради војната во Украина, Русите се многу често гости во регионот, а посебно во Србија. Секако, повеќето се во Белград, а нивното доаѓање внесе некои промени во нивното секојдневие, особено поврзани со издавањето станови … А како да ги препознаете во транспортот, продавниците и слично, најдобар одговор дадоа жителите на самата оваа голема земја на порталот „Roman.ru“, кои објаснија како типичните Русинки се однесуваат … 

Еве како можете „на почетокот“ да препознаете дека девојката во бутик или продавница е Русинка – постојат четири знаци кои ја издаваат.

1. Купуваат без да ја прашаат цената

„Широчината“ на руската душа најдобро се манифестира во бутиците на странски, скапи брендови. Во такви продавници, многу е лесно да се открие дали девојката е Русинка – таа ќе се обиде да покаже еден куп пари со кои располага. Девојки и жени од Русија буквално купуваат се во продавница, повлекуваат картички како да нема ограничување за нив… Ако видите убавица со „милион“ чанти во луксузен бутик, знајте дека постои голема веројатност таа да е Русинка.

2. Арогантни кон продавачите

Кога влегуваат во бутик, Русите речиси никогаш не обрнуваат внимание на продавачот. Не се поздравуваат со него, а ваков манир имаат и екстремно богатите и оние што „крпат крај со крај“. Најчесто делуваат многу „мрачно“, дури имаат малку згрозен израз на лицата, како се што се нуди да им е навреда, а со очи практично им порачуваат на продавачите да не им приоѓаат.

3. Секогаш се бучни

Ако сте летувале во Црна Гора во последните години, тогаш сигурно сте забележале дека Русите секогаш и секаде со себе носат деца кои прават врева – плачат, врескаат, бараат да бидат анимирани… Бутиците не се исклучок, колку и да се ексклузивни. Човек би помислил дека на мајките би им било полесно доколку ги остават децата кај татковците, бабите или бебиситерите и уживаат во долгиот шопинг, но вистината е дека тие обично не сакаат да го сторат тоа. Едноставно не сакаат да ги оставаат своите малечки на грижа на семејството и бебиситерите, па ги носат секаде со себе, игнорирајќи ја вревата што ја прават.

4. Врв-топ стајлинг

Русинките се многу дотерани и секогаш се облекуваат како да одат на забава. Правилото на овој кодекс на облекување важи и за време на шопинг – додека Европејците за шопинг избираат тренерки и предимензионирани маици, руските девојки носат фустани и штикли. Ова особено важи за сопругите на богатите мажи – гледајќи ги, изгледа дека не влегле во продавница, туку на модна ревија или се дотерувале за забава.