Пред телевизиските камери и толпата новинари, поранешниот американски претседател Доналд Трамп и честиташе роденден на својата сопруга Меланија, неколку моменти пред да влезе во судницата.
„Сакам да започнам со честитање роденден на мојата сопруга Меланија“, изјави тој за медиумите во ходникот на судот на Менхетен, пишува Business Insider .
„Би било убаво да сум со неa но јас сум на суд за лажно судење“, нагласи тој понатаму.
Trump claims he would be with Melania for her birthday but he has to be in court pic.twitter.com/fZqmEK166G
— Acyn (@Acyn) April 26, 2024
Ова беше дефинитивно најчудната желба што сте ја виделе.
Трамп го помина денот во кривичниот суд на Менхетен под обвинение дека фалсификувал деловни документи за да скрие плаќање за да го купи молкот на ѕвездата од филмовите за возрасни.
Поранешниот американски претседател, кој е и фаворит за избор на републикански кандидат, се соочува со обвинувања и во други прилики.