НАЈНОВА ВЕСТ – “ОБСЕ Е СПАСЕНА!“ – Бујар Османи потврди и објави важни информации: “Одлуките на Министерскиот состанок на ОБСЕ 2023 се конечно донесени!“

Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Бујар Османи, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук јасно порача дека – „ОБСЕ е спасена“.

Претходните два дена главниот град на државата, Скопје, е домаќин на 30. Министерски состанок на ОБСЕ, а со тоа очите на целиот свет се вперени во Македонија. Настаните од спортската сала „Борис Трајковски“ се топ тема во највлијателните светски медиуми изминатите два дена, пред се поради присуството на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

Сергеј Лавров

Токму Сергеј Лавров претходно денес на прес-конференција порача дека „ОБСЕ не може да преживее“, а неговите изјави и настапи се следат под будно око од целиот свет поради актуелната војна меѓу Русија и Украина односно руската инвазија.

Пред неполн час, актуелниот претседател на ОБСЕ, Бујар Османи, преку објава на социјалните мрежи соопшти неколку важни објави од Министерскиот состанок на ОБСЕ, а во прилог во целост ви ја пренесуваме неговата објава:

Најнова вест!

ОБСЕ е спасена!

Одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени!

Малта и официјално е новиот Претседавач со ОБСЕ за 2024

Продолжен е мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид

Продолжен е мандатот на Високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов

Продолжен е и мандатот на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро

Реизбран е Матео Мекачи на чело на ОДИХР“, стои во објавата на првиот човек на македонската дипломатија.