ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ ПОКАЖА КАКО УЖИВА СО 14 ГОДИНИ ПОСТАР ДЕЧКО: Ја објави првата заедничка слика, а сите веднаш коментираат само едно

Водителката Јована Јеремиќ веќе подолго време е во врска со 14 години постаро момче, но не сака да го открие неговиот идентитет.

Засега единствено се знае дека ја опсипува со скапи подароци и излегувања.

За да ја заинтригира имагинацијата на своите следбеници, Јована објави слика на која се држат за рака во ресторан, па може да се каже дека водителката е заљубена.

– Кога тоа те прави комплетен, тоа е љубов. Цел круг. Се друго е некаков интерес. Ова или она – напиша Јована. 

Да потсетиме, водителката неодамна зборуваше за својот нов партнер и истакна дека тој е „оној“. 

– Така е… Одам на свадба на син на господин кој ми е многу важен во животот! Тој е 14 години постар од мене и конечно можам да кажам дека имам партнер. Засега не сакам јавно да зборувам за тоа, тоа е мое право. Кога сакам некого, тој е центарот на мојот свет и универзум. Досега покажа колку е добар со мене… Се грижи за мене и покажува колку се грижи. Сите мажи пред него беа слабички… Ова е тој. До сега не сум имала посилен маж од себе – откри водителката во емисијата „Премиера“.