Најновите фотографии на Роберт Де Ниро и неговата партнерка се непријатни за гледање: Никој не сфаќа, зошто вака позирале!? (ФОТО)
Холивудската легенда Роберт де Ниро се појави во јавноста со својата ретко видена партнерка Тифани Чен, а ова е вторпат парот да се појави откако Чан го роди нивното дете, ќерката Вирџинија Гиа.
Сепак, нивните најнови фотографии се малку засрамувачки, а парот воопшто не изгледа среќен. Додека тие позираа за фоторепортерите, Тифани цело време се криеше зад Де Ниро и изгледаше исплашено, а актерот цело време имаше нерасположен израз, па брзо им побегнаа на фотографите.
Роберт и Тифани неодамна присуствуваа на забава организирана од Pradа и Vanity Fair, а актерот цело време ја држеше за рака својата партнерка.
На почетокот на април годинава се роди нивната ќерка, а актерот сосема ненамерно ја откри веста во едно интервју и го поправи водителот кога рече дека има шест деца, а тој го поправи на седум.
Во 2018 година, Де Ниро се разведе од сопругата Грејс Хајтауер, со која беше во брак 20 години и со која ги има 25-годишниот син Елиот и 11-годишната ќерка Хелен.
Тој исто така има две деца со поранешната сопруга Дајан Абот, 51-годишниот Дрен и 46-годишниот Рафаел, а татко е и на 27-годишните близнаци Арон и Џулијан, кои ги доби со поранешната девојка Туки Смит. .