Лоши вести од Брисел за Киев: Нема консензус за влезот на Киев во НАТО

Земјите членки на НАТО не постигнаа компромис за прашањето за влез на Украина во Алијансата, изјави заменик генералниот секретар на организацијата Мирчеа Џоана.

– Сега нема консензус во НАТО за темата за прием на Украина – изјави Јоана во интервју за Јутув каналот на DC news.

Според него, додека трае специјалната операција на руската армија, ова прашање треба да се одложи.

Јоана рече дека во рамките на Алијансата се водат интензивни дискусии за ова прашање и дека за време на Самитот во Вилнус, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде на иста маса со лидерите на земјите-членки.

– Сега е јасно дека Украина е поблиску до НАТО и западните демократии од кога било. Самитот на НАТО ќе се одржи во Вилнус и доколку сè биде како што треба, сосема е можно Зеленски да седне на иста маса со лидерите. Тоа е симболичен гест. И да, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина – рече Јоана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина смета на добивање безбедносни гаранции на Самитот на НАТО во Вилнус и јасна покана за членство во Алијансата. Тој посочи дека украинските војници се разочарани што Украина сè уште не добила јасна потврда за нејзиното членство во ЕУ и НАТО.

Самитот на НАТО се одржува на 11 и 12 јули.