ФОТО | ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА КАКВА РЕГИОНОТ НЕ ПАМЕТИ – Александар Вучиќ секојдневно се надминува себеси: Му покажа на “домаќинот“ како правилно се прават чварки

Еден од најследените профили на социјалната мрежа Инстаграм во Србија е оној на претседателот на државата, Александар Вучиќ, кој има навика да објавува видео-снимки од своето таканаречено секојдневие.

Неодамна, инаку, тој отвори и профил на социјалната мрежа Тик Ток, каде уште повеќе ги „воодушевува“ невините луѓе со мудрост. Неговиот потег веднаш беше копиран од бројни министри од српската Влада.

Се разбира, речиси без исклучок, станува збор за пропагандни материјали пред се во корист на култот на личноста на Александар Вучиќ, а потоа и на партијата на која и припаѓа, Српската напредна партија (СНС).

Тоа што вети дека како „претседател на сите граѓани“ нема да учествува во кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат во соседната земја на 17. декември, можеа да поверуваат само неинформирани и крајно наивни набљудувачи.

Како и да е, во последнете објава се гледа како Александар Вучиќ на „домаќинот“ ја демонстрира правилната техника на мешање чварки во „казанот“, потоа внимателно размислува како да ги посоли.

Ја посетив куќата домаќин на семејството Радиќ, во градот Шупљак кај Суботица и имав можност да помогнам во правењето на овогодинешните чварки барем на неколку минути. Се разбира, пробав чварки, колбаси и сланина. Сакав да молчам, но на крајот дојде редот на штрудлата со афион. Семејството е столбот на Србија, а обичаите се тие што не одржаа заедно. Да живее Србија!“, пишува заедно со серијалот фотографии на социјалната мрежа Инстаграм на Александар Вучиќ.

слика
Александар Вучиќ