Најомразениот во Холивуд: Не ја препознава својата вистинска ќерка, но посвоените ги прави ѕвезди

Самиот призна дека ги изгубил од скиентологијата, но изгледа не жали.

Додека целиот свет збори како пораснала биолошката ќерка на Том Круз, а славниот татко денес тешко би ја препознал, сосема друга е приказната кога се во прашање Изабела и Конор, децата кои ги посвоил со поранешната сопруга Никол Кидман. .

Откако Кејти Холмс се разведе од Том Круз во 2011 година, нивната ќерка Сури Круз речиси и не го видела својот татко.

„Таа очигледно ме остави да ја заштитам Сури од скиентологијата“, призна тогаш Круз. Луѓето се прашуваат што точно доведе до отуѓување меѓу таткото и ќерката и колку Скиентолошката црква одиграла улога во тоа.

Извор за странските медиуми изјавил дека актерот не ја видел својата ќерка „многу долго време и не е дел од нејзиниот живот“.

Сури е родена во 2006 година, а потоа се чинеше дека семејството конечно е комплетирано, но набрзо бракот се распадна и Круз потоа се оддалечи од ќерката и сопругата.

За време на неговата тужба против Бауер Медиа во 2012 година, Круз откри дека неговата посветеност на скиентологијата била клучен фактор за неговиот развод и разделба од неговото дете.

На прашањето на адвокатите дали Кети се разведе од него поради неговите врски со контроверзната црква, тој рече:

„Тоа беше една од причините, да“.

Тој исто така тогаш призна дека немал никаков контакт со Сури три месеци откако се развел од нејзината мајка.

Во 2016 година медиумите пишуваа дека токму Скиентолошката црква ги разделила Том и Сури. Причината за тоа беа црковните правила, кои им забрануваат на членовите да имаат контакт со луѓе кои не се нивни верници. Бидејќи ниту неговата сопруга ниту неговата ќерка не биле членови на сектата, Круз не можел да одржува врска со ниту еден од нив.

Во 2020 година, Лиа Ремини, поранешен скиентолог, изјави за „Пост“ дека според црквата, славната актерка била класифицирана како „супресивна личност“, односно „непријател“.

Сега, после толку години, Сури повторно ќе направи голем чекор во животот, но нејзиниот татко повторно не е со неа.

“Сури бара факултети. Кејти навистина сака таа да остане во Њујорк за да можат да бидат блиски. Таа е многу горда на својата ќерка, но исто така е исклучително заштитничка”, рекол извор близок до Холмс.

Истиот извор истакна дека иако Том нема да одлучи кој колеџ ќе го избере Сури, тој ќе и плати за школарината. Но, тоа не е негова волја, туку е еден од членовите на договорот по разводот.