„Не можеме без Русија“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека е неодржлива изолацијата на Русија од иницијативата за постигнување договор за житото.

Прашањето за заживување на Црноморскиот договор за жито беше детално разговарано на самитот на Г20 викендов, но секоја иницијатива што ја изолира Русија веројатно нема да биде одржлива, изјави Ердоган на прес-конференција по средбата во Њу Делхи.

Русија, Украина и Турција ќе продолжат да разговараат за договорот за жито, додаде Ердоган.

Претседателот на Турција рече дека претседателот на Русија Владимир Путин е подготвен да испрати жито во сиромашните земји и дека на тоа се согласил и Катар.

Русија претходно објави дека Турција начелно се согласила да помогне во испораката на житото што Москва има намера да го испрати во Африка по намалена цена со финансиска помош од Катар, објави Ројтерс.