Најпознатата ,,плус сајз” манекенка мамеше воздишки во Кан” – Ја молеа да не се облекува провокативно, им ја исполни желбата и направи хаос! (ФОТО)

Ешли Греам, најпознатиот плус сајз модел, повторно е во центарот на вниманието. Токму кога се навикнавме да ја гледаме во провокативни изданија каде гордо сака да ги истакне вишокот килограми, стриите, салото и целулитот, таа ја изненадува јавноста.

Таа на фестивалот во Кан се појави целосно покриена, но бујното деколте си го направи своето.

Ешли избрала гломазен фустан кој на прв впечаток изгледа толку тежок што е невозможно да се застане во него. Познавачите на модата истакнуваат дека гламурот целосно отсуствува. Украсено е со грст детали – надуени ракави, јаки, наметка и сè е толку преполно што Ешли повторно не доби задоволителни оценки од модните експерти.

Многумина истакнаа дека модното издание на Ешли Греам потсетува на фустанот што Лизо го носеше минатата година на доделувањето на музичките награди на MTV во Њу Џерси.

Ешли која оваа година беше прогласена за најатрактивна жена на светот сега е главна тема на социјалните мрежи.

„Дури и кога се облекува изгледа вулгарно“, „Црна Ешли, си додала уште пет килограми“, „Едвај оди“, „Какво неуспех“, се само дел од коментарите…