Голема паника во ПСЖ – Килијан Мбапе ги изненади сите со својата одлука! Французинот може бесплатно да си замине од клубот !?

Што се случува во ПСЖ ? Дали е можно сите три големи ѕвезди на парискиот тим да сакаат да го напуштат клубот !? Во последните недели многу се пишуваше за случаите со Лионел Меси и Нејмар, а сега на ред дојде случајот со Килијан Мбапе.

Имено, угледниот весник L’Equipe пренесува дека француската суперѕвезда нема намера да го продолжи актуелниот договор, а тоа внесува паника во редовите на парискиот клуб. Актуелниот договор на Килијан Мбапе е до летото 2024 година, а фудбалерот има опција до крајот на јули да го продолжи на уште една сезона. Иако се претпоставуваше дека ќе го продолжи тој договор, L’Equipe пренесува дека Килијан Мбапе нема намера да ја активира таа опција, па тоа би значело големи проблеми за ПСЖ.

Доколку Килијан Мбапе не го продолжи договорот, парижаните би можеле да се обидат да го продадат веќе ова лето за да не ризикуваат да го загубат бесплатно. Со договор кој е до крајот на оваа сезона, тој би можел да се договори за трансфер во нов клуб во зимскиот преоден рок, кој би го довел следното лето без обештетување. А ако се земе предвид дека ПСЖ за него плати 180 милиони евра на Монако пред пет години, тоа би било огромна загуба за францускиот клуб. Летово од неговиот трансфер сигурно би можеле да заработат околу 200 милиони евра…