Со тетоважата од змеј на огромниот задник ги ,,запали” социјалните мрежи: Џиџи се соблече и ја покажа својата позадина (фото)

Манекенката Џиџи Хадид на Инстаграм покажа голема тетоважа на својот задник додека уживаше на одмор со пријателите. На првата фотографија Џиџи ја чуваше својата тетоважа скриена и се излежуваше на лежалка во бикини со принт. На друга фотографија на своите следбеници, речиси 79 милиони од нив, им ја открила својата нова тетоважа, веројатно привремена.

„Утро“ напиша таа во описот на фотографиите со емотикон од змеј.

Една нејзина пријателка на својата приказна на Инстаграм сподели фотографија одблиску од задникот на Џиџи за да може јасно да се види новата тетоважа, а заедно со неа напиша и #onwomen’stravels

Иако не објасни дали тетоважата е привремена или трајна, на повеќето нејзини следбеници навистина им се допаѓа.

„Одеднаш…змејовите се моето ново омилено животно?“ гласеше еден коментар.

„Кралица на змејовите“, беше друг коментаар.

Иако ова е најголемата тетоважа на Џиџи, таа има уште една. На бицепсот има посвета за ќерката Каи. Таа ја покажа оваа тетоважа на јавноста за првпат во февруари 2021 година во видео за Vogue.

Таткото на Каа, Зејн Малик, со кој Хадид беше меѓу 2015 и 2021 година, исто така ја има истата тетоважа, а Зејн неодамна во едно големо интервју се отвори за тоа колку му значи татковството.

Сепак, се чини дека Хадид продолжи со Леонардо ди Каприо (48). Минатата недела извор изјави за Page Six дека парот бил заедно откако биле видени како се дружат во Хемптонс две ноќи по ред.

Актерот и Џиџи се дружеа цела ноќ на забавата на основачот на Tao Group, Марк Пакер, на 4-ти јули, каде, според гледачите, тие се однесуваа како да се на состанок.

Претходната ноќ, тие беа видени како разговараат на годишниот собир на технолошкиот гуру Дејвид Розенберг во Бриџхемптон.

„Начинот на кој разговараа еден со друг… Се чувствуваше енергијата“, рекол изворот, истакнувајќи дека меѓу нив сигурно имало нешто.

Гласините за врската на двајцата започнаа за време на модната недела во Њујорк во септември 2022 година по повеќето тајни состаноци.