Најпознатиот јутјубер во светот пристигна во Хрватска: Што снима MrBeast во Дубровник ?

Најголемата Јутјуб ѕвезда во светот, MrBeast, веќе неколку дена е во дубровнички Купари каде што снима негово ново видео, неофицијално дознаваат хрватските медиуми. Неговите видеа ги гледаат неколку десетици милиони луѓе и тој често донира големи суми на пари или ги користи за различни предизвици.

Овој успешен Јутјубер има повеќе од 230 милиони претплатници на таа платформа, а според Forbs, неговата бруто заработка во 2023 година се проценува на 82 милиони долари.

На 25 години постигна голем успех, кој со задоволство го споделува со другите. Преку својот втор јутјуб канал Beast Philanthropy, тој досега донирал милиони долари на различни хуманитарни организации за зачувување на природата. Тој финансираше засадување на 25 милиони дрвја, изградба на бунари за вода за пиење во Африка, донираше технологија во училиштата и им помага на различни организации и бездомници.

Покрај тоа што е дигитален креатор, тој има и свој бренд Feastables и чоколади наречени MrBeast Bar, кои се уште не може да се купат во Македонија. А што снима MrBeast во близина на Дубровник останува да видиме на неговиот канал на Јутјуб.