Најслаткото видео што ќе го видете денес: Младенчињата тигари не ја пуштаат мајката да спие, нејзината реакција е неопислива! (ВИДЕО)

Оваа снимка потврдува дека непишаното правило децата да не ги оставаат родителите да спијат важи и за животните.

Снимени се младенчиња од суматрански 
тигар како ја прекинуваат дремката на својата мајка качувајќи се врз неа.

Две женки и еден мажјак од овој силно загрозен вид тигри се родени на почетокот на годината во сафари парк во Велика Британија.

Се проценува дека во дивината останале помалку од 400 суматрански тигри.