Најстариот крал на Европа, Харалд V, добил постојан пејсмејкер

Најстариот крал во Европа, норвешкиот крал Харалд V, на возраст од 87 години, вчера добил постојан пејсмејкер поради слаб пулс и ќе остане во болница во следните неколку дена, пишува Асошиетед прес.

Кралското домаќинство објави дека кралот добил пејсмејкер во Универзитетската болница во Осло.

Харалд V се разболел за време на приватен одмор со неговата сопруга Кралицата Соња на малезискиот туристички остров Лангкави, поради што бил итно пренесен во Норвешка со медицински авион.

И покрај годините на здравствени проблеми и операција за замена на срцеви залистоци во 2020 година, Харалд V редовно изјавува дека не планира да абдицира.

Неговата функција шеф на државата, која е церемонијална и без политичка моќ, ќе ја наследи неговиот 50-годишен син, принцот Хакан.