„НАЈТАЖНИОТ ДЕН ОД НЕЈЗИНАТА КАРИЕРА“ Првата огласување на Калиопи по трагедијата: Загубивме живот на мојот концерт…
Жената на која и’ се слоши на концертот на македонската пејачка Калиопи почина по еден час реанимација.

Госпоѓата која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.


Иако лекарите дале сè од себе, жената не можела да се спаси ниту по реанимација и набрзо починала.
Пејачката била длабоко потресена од настанот кој не можела да го предвиди, а малку подоцна се огласила на својот Инстаграм профил и со потресни зборови се обратила до присутните.
-Ова е најтажниот ден во мојата кариера, наместо да славиме за животот, загубивме еден на мојот концерт . Во мое име и во име на мојот тим изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата – напиша Калиопи чиј концерт беше одложен, за што публиката подоцна ќе биде информирана.