Најтажниот момент: Мајката на убиеното девојче во ,,Рибникар” плаче и ја гушка другарката на концертот на Даница Црногорчевиќ (ВИДЕО)

Даница Црногорчевиќ концертот во српската престолнина им го посвети на жртвите од масакрот што се случи минатата година во ОУ „Владислав Рибникар“ кога момче убиец уби девет негови врсници и училишни чувари.

Најтажниот момент на концертот се случил кога Даница пеела, а мајката на убиеното девојче во споменатото училиште не можела да ги задржи солзите, па ја тешела нејзината другарка која цело време била покрај неа.

Тие беа во првите редови на концертот, додека Даница Црногорчевиќ ја спомна девојката пред насобраните во салата.

– Зборував со мајка која прва ме контактираше, нејзината ќерка Адријана во текот на животот секогаш со радост ги пееше моите песни, воспитана е во духот на традицијата. Дојдовме на идеја да им посветиме концерт на жртвите, ова е концерт на духовна музика. Сите ние можеме да го најдеме значењето на нашата вера, надеж и љубов во тие песни. Зборував со родителите на тие деца, се разбира, тоа е чувствителна тема – изјави Даница.