Скандал го тресе европскиот шампион: По пречекот од Макрон отишол во клубот, ги соблекол панталоните и нападнал млада девојка?!

Ракометарот на француската репрезентација Беноа Конку ноќта меѓу понеделникот и вторникот е приведен во полиција поради обид за сексуален напад на девојка во ноќен клуб, јавуваат француските медиуми.

Познатиот ракометар кој со Франција го освои златниот медал на Европското првенство во неделата сега е осомничен за обид за силување.

По победата над Данска во финалето на Европското првенство во Келн, ракометарите на Франција во понеделникот беа на свечен прием кај претседателот Емануел Макрон. Истата вечер Конку отишол во ноќен клуб за да го прослави својот голем успех и во видно алкохолизирана состојба нападнал млада жена.

Беноа Конку

,,Францускиот репрезентативец наводно пијан ги соблекол панталоните и се обидел сексуално да нападне 20-годишна млада жена”, објави угледниот „Лекип“.

За среќа, срамниот спортист навреме бил сопрен од обезбедувањето, кое го задржало додека не дошла полицијата.