НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ЈА ПОБЕДИ ЗЛОБНАТА БОЛЕСТ ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ: По МАЧНОТО оздравување, конечно може да се одмори! (ФОТО)

Познатите сестри, манекенките Џиџи (28) и Бела (26) Хадид заедно носеа ревија на дизајнерот Сајмон Порт Жакемус, а по ревијата Бела итно отиде на лекар. “Едвај чекам да се вратам“, напиша Гиџи по ревијата, а сега објасни за што се работи.

„Само сакам да го допрам овој пост од минатата недела. Бела штотуку заврши со долг и интензивен третман за Лајмска болест . Толку сум горда на неа и возбудена за нејзиното враќање, секогаш кога ќе се почувствува подготвена“, откри Џиџи.

Кога Бела имала 14 години, заболела од Лајмска болест, која се пренесува со каснување од крлеж, а од неа страдал и нејзиниот брат Анвар. Манекенката поминала низ тешко патување уште пред да и биде дијагностицирана болеста, пишува Дејли Мејл.

Секој ден се бореше со речиси 30 симптоми на болеста

Докторите најпрво се посомневале дека има АДХД, но како што се насобрале проблемите, нејзината мајка Јоланда почнала да се сомнева дека има сериозен здравствен проблем. На почетокот на оваа година болеста и се влошила.

Дополнителна болка претрпела по итна операција на вилицата бидејќи забот што требало да се извади бил заразен. Лекарите и препишале антибиотици и лекови за болката предизвикана од инфекцијата.

Манекенката претходно ги опиша нејзините симптоми, а наведе речиси 30 од нив со кои се бори секојдневно. Меѓу другото, таа ги спомена анксиозноста , чувствителноста на светлина и бучавата, болки во зглобовите и пецкање.

Лајмската болест е бактериска инфекција која се шири со каснување на заразен крлеж. Обично, луѓето кои ја заразуваат инфекцијата развиваат црвен осип на кожата во рок од една недела, но до еден месец подоцна. Но, друга група на луѓе може воопшто да не го забележат осипот или да го помешаат со каснување од пајак.