НАЈУБАВАТА ФУДБАЛЕРКА НА СВЕТОТ ЈА ШОКИРАШЕ ПЛАНЕТАТА – Познат фудбалер и понудил 100.000 евра за да преноќи со него во Мајами

Најпопуларната фудбалерка на светот откри дека добила шокантна понуда од еден фудбалер.

Многу љубители на овој спорт веруваат дека Алиша Леман е и најубавата и најатрактивната фудбалерка. Таа е исклучително популарна на социјалните мрежи, со над 15,5 милиони следбеници само на Инстаграм.

Алиша Леман

Покрај тоа што редовно објавува моменти од тренинзите и натпреварите, на нејзиниот профил може да се најдат и многу поинакви објави односно во провокативни изданија.

Неодамна таа откри дека добила неморална понуда од фудбалер, кого не сакаше да го именува јавно.

Бев во Мајами, моето омилено место. Се сретнав со пријатели во еден клуб таму. Пораката беше од некој многу познат. Се запознавме порано, но не лично. Бевме на ист настан“, опиша Алиша Леман која ја откри содржината на пораката што прво ја добила, а потоа и нејзиниот телохранител: „Ќе и платам на Алиша Леман 100.000 евра да преноќи со мене“.

Репрезентативката на Швајцарија не ни помислила на тоа.

Нема шанси! Секако дека не одговорив, лудо беше“, изјавила фудбалерката на подкастот на раперката Ширин Дејвид.