На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

 Повеќе од 2,6 метри снег падна досега во снежната бура што ја зафати Алјаска, предизвикувајќи уривање на покриви на комерцијални згради во Енкориџ, а властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од покривите.

Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што снегот во најголемиот град на Алјаска е 254 см, а се очекува да се надмине рекордот од 342 сантиметри.

Во текот на изминатите седум дена, температурите во Енкориџ беа под нулата секоја вечер, достигнувајќи до минус 17 степени Целзиусови, пренесува Еј-Би-Си-Њуз.