НА ГЛАВАТА НА НОВИНАРКАТА СЛЕТА ГУЛАБ: Нејзината реакција беше ХИТ, видеото ги преплави мрежите (ВИДЕО)

Птица слета на главата на новинарка која известувала пред Белата куќа непосредно пред таа да оди во живо на програмата.

Кели Мајер се подготвувала за директен телевизиски пренос пред камерите кога зад неа долетал гулаб и накратко слетал токму на нејзината глава.

„О, Боже мој, тој слета токму над мене “, извика шокираната новинарка.

Сепак, таа брзо се собра, ја среди косата и им се насмеа на продуцентите:

“Да Добро сум.”

Таа во еден момент за малку ќе пцуеше пред камерите, но успеа да се контролира.

Таа самата го сподели видеото на Твитер.

„Момци, знам дека денеска имаше многу вести, но птица ми слета на главата непосредно пред да одам во живо со мојата објава пред Белата куќа. Тој гулаб навистина сакаше да биде во шоуто. Се разбира, нашата камера забележа сè“, напиша таа.