На Горан Бреговиќ му е забранет влез во Молдавија! Вратен од аеродром, неговиот настап е откажан, БЕЗ ОБЈАСНУВАЊЕ

Организаторите на Гитарскиот музички фестивал, кој се одржува во Молдавија, денеска соопштија дека на светски познатиот уметник Горан Бреговиќ не му било дозволено да влезе во таа земја, иако тој веќе слетал на аеродромот во Кишињев.

Бреговиќ ѝ се извини на публиката што нема да може да настапи, бидејќи на аеродромот во Кишињев без објаснување не му било дозволено да влезе во земјата.

  • Со сите мои музичари сум на турнеја низ цела Европа и никогаш никаде немало никакви проблеми. Многу ја сакам вашата земја и уживам во секоја прилика да настапувам во Молдавија, особено на еден ваков колоритен и уникатен фестивал – вели тој во објавата и додава:
  • Многу ми е жал што ми ја ускратија радоста и задоволството овојпат да се појавам пред вас – вели Бреговиќ во објавата на веб-страницата на организаторите на фестивалот.