Центарот за специјална нега Глен Оукс во САД е казнет со 10.000 долари откако погребалното претпријатие открило дека жената испратена кај нив спакувана во торба за тело е сè уште жива.
Одделот за инспекции и жалби во Ајова потврди дека 66-годишната жена била прогласена за мртва на 3 јануари во специјална установа за нега која се грижи за лица со Алцхајмерова болест.
Таа страдаше од рана деменција, анксиозност и депресија. Ја ставиле во торба за тело и ја однеле во погребалното претпријатие, каде работниците откриле дека дише и повикале брза помош. Таа беше пренесена во болницата Мерси Вест Лејкс. Таа дишела но не одговарала на повиците и прозивките од присутните.
Жената на крајот била вратена во центарот за нега, каде што починала на 5 јануари. Лиза Истман, извршен директор на Центарот за специјална грижа за Алцхајмеровата болест Глен Оукс, рече во соопштението дека центарот се грижи за своите станари и останува посветен на обезбедување грижа, пренесува Sky News.
Од полициското одделение соопштија дека за овој случај не планираат да поднесат кривична пријава.