На денот на венчавката свекрвата за првпат го видела белегот на невестата и се скаменила! Се гушеа во солзи: „Јас сум твоја мајка“ (ВИДЕО)

Мајката, цела возбудена на денот на свадбата на синот, ја прегрна и бакна идната снаа, како што доликува. Меѓутоа, тогаш видела белег на раката што претходно не го забележалa, се скаменила. Сфатила дека тоа е нејзината одамна изгубена ќерка!

Иако веројатноста на оваа ситуација звучи како да е сценарио на латиноамериканска сапуница, настанот се случил пред три години во Кина, а на крајот се случила и венчавката , пишува „Times News Now“.

Свадба

Наводно, жената го препознала белегот на раката на невестата и заклучила дека таа е всушност нејзината ќерка. Невестата и нејзината мајка биле снимени како се гушкаат и плачат за време на церемонијата. Тогаш родителите на невестата откриле дека ја посвоиле девојката пред 20 години, кога ја нашле како бебе покрај патот.

Девојката не можела да ги запре солзите, а средбата со мајка си ја опишала како посреќна од самата венчавка.

Свадбата не била прекината, бидејќи матичарот утврдил дека синот или младоженецот е всушност посвоен син на жената која е биолошка мајка на невестата, па крвно невестата и младоженецот не се поврзани!

Мајката објаснила дека решила да го посвои синот откако ја изгубила ќерката и неуспешно ја барала, а 20 години по трауматичниот настан двајцата се венчале! Изворите не кажуваат како исчезнала нејзината ќерка или зошто точно биле разделени толку години.

И покрај сите шокантни откритија тој ден, венчавката можеше да се одржи и младенците си разменија завети.