На денот на свадбата, младоженецот дознал со кого невестата имала афера со години: Неговото име во телефонот го меморирала како „ТЕТКА“
Свадбите понекогаш се романтични, понекогаш најсреќни, тие се ден за паметење на многу начини, дури и од негативни причини. Следниве искуства ќе покажат што може да се случи на една свадба – од шокантни изненадувања, откритија до пресврти кои никој не ги очекуваше… Вака се создадени спомени кои многумина попрво би ги заборавиле.
Искуствата од најчудните свадби гласат:
“Таткото на невестата доцнеше 45 минути додека го чекавме да ја однесе својата ќерка до олтарот. Додека чекавме, климата пукна и беше многу спарно и влажно надвор. Имаше премногу гости. Едвај можеше да се движиш без да се судриш со некој друг, што беше уште полошо поради жештината. Од тоа се расипа храната, а од тоа што остана да може да се јаде беше салата, шпагети и кифлички што беше недоволоно да се нахранат половина од гостите. Повеќето од нив си заминаа по првиот танц, а две тетки на невестата се онесвестија, а невестата и организаторот на свадбата се расплакаа“.
“Бевме на свадба на член од семејството кој немаше многу пари. Таа беше организирана на скромно место, но беше прекрасно. Срцето ми се скрши кога се појавија само една третина од поканетите, можеше да се види на лицата на младенците дека тоа ги погоди. Тие дојдоа на нашата маса и прашаа дали познаваме некого што можеме да го поканиме бидејќи имало храна за 100 луѓе, а само 30 биле дојдени. Тие беа подготвени да поканат кого било, само за да пропадне храната. Така во пликото им додадовме уште 100 долари, како дополнителен подарок“.
“Младенците решија да одат да се фотографираат веднаш по церемонијата. Ги немаше пет часа. Сите чекавме на местото, а се уште немаше храна ни музика. По два часа гостите се организираа, го убедивме водителот ја постави масата и ја донесе храната, а диџејот пушташе музика, па почнавме без младенците, кога конечно се појавија, забавата беше на врвот, сите си поминуваа одлично, иако ние всушност заборавивме дека тоа беше нечија свадба“.
“Бев поканет на прием кај еден мој добар пријател. Неколку месеци пред тоа имаа граѓанска венчавка и беа многу среќни. Кога пристигнав на церемонијата и видов голема гужва, знаев дека нешто не е во ред. Сопругата на пријателот е склона кон напади на паника и е крајно агорафобична до степен да се скрши и да плаче. Веднаш му се јавив на мојот пријател и го прашав што се случува. Се покажа дека родителите на мојот пријател ги поканиле сите што ги знаат, без знаење на мојот пријател. Откако му испратив слика од гужвата, тој и неговата сопруга одлучија дека е подобро да одат на втор меден месец отколку да се појават на приемот. Испратил порака со извинување до сите кои тој и неговата сопруга ги поканиле и им предложил да си заминат, а на родителите ништо да не им кажуваат. Кога сите си заминаа, родителите беа длабоко разочарани“.
“Тоа беше 2009 година во Тенерифе. Ден по свадбата, невестата отиде да плива во океанот, но таа исплива предалеку и се изгуби, не можеа да ја најдат девет часа. На крајот го најде патот назад, но беше во лоша состојба, сите биле исплашени и мислеле дека се удавила. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг го пронашол нејзиниот телефон и прочитал еден куп пораки кои наводно биле од нејзината тетка, но бидејќи пораките биле со интимна содржина и јасно било дека тие не се од тетка и туку од кумот со кого со години била во интимна врска. Многу брзо после тоа, го раскинаа бракот и така им пропаднаа 55.000 долари бидејќи тоа беше една од најраскошните свадби на кои сум била“, пишува 24s sata hr.
Прељубата секако би го прекинала бракот, но деталите биле особено шокантни.