НА ДНОТО ОД МОЧУРИШТЕТО – По 26 години го пронашла украдениот Опел Кадет: „Полицијата ми се заканува со голема казна“

Автомобилот исчезнал во 1997 година, а сега е пронајден на дното на исушено мочуриште

На Еми Караско од Шпанија и го украле автомобилот пред 26 години. Нејзиниот Opel Kadett исчезнал на 5 август 1997 година, кога Еми ја пријавила кражбата во полиција.

Но, како што минуваа годините и немаше никакви вести, Еми целосно заборави на својот Opel.

Сè до пред некој ден, кога каталонската полиција и се јавила и рекле дека го нашле нејзиниот автомобил на дното на исушено мочуриште во Риудекањес.

Нејзе ѝ било наложено да го извади возилото од мочуриштето или да ризикува голема парична казна, пишува TheSun , на која се наоѓа и фотографија од украдениот Opel.

„Мислев дека се шегуваат“, рече Еми.

Еми и нејзиниот сопруг купија Kadett по нивната венчавка, а тоа беше првиот автомобил што го купија заедно и имаше сентиментална вредност за нив.

Автомобилот остана скриен во мочуриштето речиси 30 години – до неодамнешната суша.

Откако полицијата и се заканила со парична казна, Еми покажала документи дека веднаш по кражбата поднела пријава во полиција.

Локалната полиција, која сега е одговорна за отстранување на автомобилот од калта, соопшти дека е започната истрага за откривање на лицето одговорно за кражбата.