На донаторската конференција за Сирија собрани 10,3 милијарди долари

 – На Седмата бриселска конференција за иднината на Сирија и регионот, чиј домаќин е Европска Унија, меѓународните донатори собраа 10,3 милијарди долари помош за Сирија, земја погодена од војна, сиромаштија и глад.

Но, собраните средства од 57 земји и 30 меѓународни организации се за околу 800 милиони долари помалку отколку што бараа Обединети нации.

Донираната сума ќе биде наменета за помош за луѓето во Сирија, но и за околу 5,7 милиони сириски бегалци кои се сместени во соседните држави, првенствено во Турција, Либан и Јордан.

Во 13-годишната војна во Сирија загинаа речиси половина милион луѓе и раселени половина од нејзиното предвоено население од 23 милиони.