На Евгениј го замени неговиот син: Вагнер продолжува со регрутирање низ Русија, со нов човек на чело

Во својот врв, Вагнер броеше десетици илјади луѓе, меѓу кои и 50.000 осуденици, на кои им беше понудена слобода доколку ги преживеат конфликтите во Украина.

Руската платеничка група Вагнер, наводно, продолжила да регрутира војници во руските градови Перм и Новосибирск, објавија денеска локалните медиуми.

Павел Пригожин, син на починатиот основач на Вагнер, Евгениј Пригожин, продолжи да ја води групата, пишува Киев Индипендент.

Во својот врв, Вагнер броеше десетици илјади луѓе, меѓу кои 50.000 осуденици, на кои им беше понудена слобода доколку ги преживеат конфликтите во Украина, доброволци и поранешни припадници на специјалните сили.

Пригожин и неговите најблиски луѓе загинаа кога од засега непознати причини се урна приватниот авион со кој летаа од Москва за Санкт Петербург.