На едно од најстарите езера во Европа му се заканува пресушување: Директно го загрозува опстанокот на Охридското
Екологистите велат дека недостатокот на дожд, испарувањето и прекумерната употреба на водата за наводнување во сите три земји се главните причини за загубата на вода
Преспанското Езеро во Македонија се смета за едно од најстарите езера во Европа и е дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија. Сепак, му се заканува сушење.
- Во последните два до три месеци нивото на водата падна за 36 сантиметри, а во последните денови веројатно уште неколку – вели рибарот Ванчо Василевски, кој често е крај езерото.
Падот продолжува со децении, па водата е за повеќе од 8 метри пониска од нивото од 1970 година. Во извештајот составен минатата година, НАСА соопшти дека сателитски снимки покажале дека езерото изгубило 7 отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година.
Езерото зафаќа околу 260 квадратни километри, површина која е двојно поголема од Париз. Две третини од езерото и припаѓа на Македонија, а остатокот на Грција и Албанија.
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) предупреди дека некои видови диви животни во езерото се во опасност од исчезнување поради уништување на нивното живеалиште од штетни земјоделски практики, ерозија, непречистен отпад и отпадни води.
Секое опаѓање на нивото на водата може да го зафати Охридското Езеро кое е на само 10 километри од Преспа, јавува Ројтерс .
Екологистите велат дека немањето дожд, испарувањето и прекумерната употреба на водата за наводнување во сите три земји се главните причини за загубата на вода.
Употребата на пестициди од страна на производителите на овошје доведе до брз раст на биомасата што им се заканува на ендемичните видови.
– Сите (пестициди) одат во подземните води, во езерото и се многу опасни за Преспа – рече Менде Пандевски берејќи сливи крај езерото.