На Израел му се заканува дисквалификација од „Евровизија“?! Европската радиодифузна унија реагираше поради политичката порака на текстот на песната!

Израел би можел да биде дисквалификуван од престижниот натпревар на Евровизија бидејќи текстот на песната има политичка порака, што е тешко кршење на правилата за учество.

На 7 октомври Израел беше нападнат од милитантната група Хамас, која авторите на текстот се обидоа да ја споменат во песната што ќе ги претставува на фестивалот.

Претходно медиумите објавија дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) бара менување на текстот поради политички пораки, а сега јавниот сервис во земјата изјави дека разговараат со ЕБУ.

Иако допрва треба да биде официјално објавено, Израел Хајом објави дека песната Еден Голан што ќе ја претставува земјата се вика „Октомвриски дожд“ и се однесува на нападот на Хамас што се случи на 7 октомври.

Инет потоа објави дека ЕБУ верува дека песната е премногу политичка, бидејќи официјалните правила на натпреварот забрануваат политички изјави. Тие наведуваат дека е одлучено Израел да се повлече од натпреварот доколку песната биде дисквалификувана, наместо да ги смени зборовите или песната, пренесува Index.hr.

Поради сето ова се крена голема прашина, па логично е тоа да е главна и горлива тема на социјалната мрежа „Х“.