Истражувачите од Тексас провериле како сексуалната желба е поврзана со возраста, па така жените од различна возраст имаат поголеми или помали желби.
Биолошки часовник
Биолошкиот часовник и неговото гласно отчукување многу влијае на желбата за секс.
Во своите триесетти, жените често можат да го слушнат тој часовник. Токму тој ги принудува жените „да ги искористат преостанатите години за раѓање деца“ и на тој начин нивното либидо се зголемува во одреден период од нивниот живот.
Во истражувањето објавено во списанието „Personality and Individual Differences“, учествувале 827 жени кои биле поделени во три групи: висока плодност на возраст од 18 до 26 години, ниска плодност на возраст од 27 до 45 години и менопауза од 46-годишна возраст.
Зголемен нагон
Врз основа на одговорите на учесниците во онлајн анкетата, истражувачите откриле дека жените на возраст од 27 до 45 години (оние во категоријата со ниска плодност) имаат зголемен сексуален нагон како одговор на опаѓањето на плодноста и дека имаат чести сексуални фантазии, активен сексуален живот и подготвеност за постојан секс.
– Нашите наоди сугерираат дека жените не мора нужно да „полудат“ за да доживеат сексуална кулминација. Нашите резултати покажуваат дека нема ништо посебно за триесеттите, туку дека овие однесувања се рефлектираат кај сите жени кои доживуваат пад на плодноста. Можеби е потешко да се зачне по 35-тата година од животот, но истражувањата покажуваат дека жените ќе бидат мотивирани до менопаузата – објаснила научникот Џудит Истон.