НА КРАЈОТ И ОВАА ЗЕМЈА МУ ГО СВРТЕ ГРБОТ НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Поранешна советска држава донесе драстична одлука против Русија !?
Парламентот на Ерменија во вторникот гласаше за пристапување кон Меѓународниот кривичен суд (МКС), а со тоа обврзувајќи ја поранешната советска република да го уапси претседателот на Русија, Владимир Путин, доколку тој ја посети земјата.
Одлуката дополнително ќе ги заостри односите со Москва, традиционалниот сојузник на Ерменија. Врските веќе се сериозно оштетени со инвазијата на Кремљ на Украина и враќањето на автономниот регион Нагорно-Карабах од страна на Азербејџан.
На почетокот на годината, Меѓународниот кривичен суд го обвини рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства поврзани со депортацијата на деца од Украина.
Ратификацијата на статутот најверојатно ќе доведе до влошување на односите меѓу Ерменија и Русија, која ја сметаше кандидатурата на Ереван да се приклучи на МКС за „непријателски чекор“.
Кремљ минатата недела ја предупреди Ерменија дека нејзината одлука да се приклучи на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за апсење на Владимир Путин е „крајно непријателска“.
Сега документот ќе биде испратен на потпис до претседателот на Ерменија, а одлуката се очекува да стапи во сила за 60 дена.