Постариот Исланѓанец (80), кој требало со хеликоптер да биде префрлен од Вопнафјордур во Рејкјавик откако доживеал мозочен удар, не смеел да се качи во авионот бидејќи имал прекумерна тежина.
Како што пренесува радиото RUV, мажот колабирал во својот дом, а лекар од Вопнафјордур му рекол на семејството дека ќе биде префрлен во болница во главниот град.
Но, малку подоцна биле информирани дека максималната дозволена тежина на пациентите е 135 килограми, додека пациентот тежи околу 150 килограми, поради што не можел да биде пренесен со медицинскиот авион на компанијата „Мифлуг“ и морал да чека хеликоптерот на крајбрежната стража од Рејкјавик.
Лејфур Халгримсон, менаџерот на Мифлуг, потврди дека поради инструкциите на производителот на медицинска опрема, компанијата претходно морала да одбие превоз на пациенти поради прекумерна тежина.
„Тоа не е вообичаено, но станува се повообичаено. Кога производителот поставува таква граница, ние мора да ја почитуваме“, рече тој. Според него, „Мифлуг“ го поседува авионот и управува со него, но Министерството за здравство ја поседува опремата во авионот, пренесе Исландското радио. „Ова е нешто што треба да го решат здравствените власти. Дали здравствените власти сакаат да воведат промени во системот за да може да се превезуваат потешки луѓе со авионска брза помош?“, праша Халгримсон.