„НА МАЈКА МУ И БИЛО ЖАЛ ДА ГО РАЗБУДИ,ГО ОСТАВИЛА ДА СПИЕ“ Потресни зборови на дедото на загинатото момче во пожар – СЕ СЕ СЛУЧИЛО ЗА ТРИ МИНУТИ

Бајрос Ајвази, дедото на момчето (3) кое загина во пожарот во Железник, за Курир вели дека ги снашла невидена трагедија .

„ Трагедија е тоа што ни се случи … Мајката на момчето секое утро носи две деца на училиште и го носи малото со себе, но утрово не го направи тоа“, вели дедото со тажен глас и додава:

– Ги зеде двете деца, а момчето го остави да спие затоа што и беше жал да го разбуди . Мислеше дека наскоро ќе дојде и немаше потреба да го буди.

Железник, оган Железник

Како што понатаму изјави, трагедијата се случила брзо.

– Сè се случи за три минути… Детето спиеше и наеднаш избувна пожар . Со моите роднини се обидовме да го изгасиме , но не успеавме, брзо се рашири – вели нашиот соговорник и додава:

– Кога пристигнаа пожарникарите, за жал беше предоцна. Не знаеме што би можело да го предизвика пожарот, но претпоставувам дека ќе дознаеме . Страшно е затоа што детето го нема.

Пожарот го изгаснале 16 пожарникари со пет возила.