На младиот фудбалер го зграпчи крокодил! Страшна сцена снимена во локалната река: Ѕврката го распарчи, немаше шанси да го спасат (вознемирувачко видео)

На млад фудбалер (29) од Костарика го грабнал крокодил кога влегол во реката да се разлади!

Хесус Алберто Лопез Ортиз бил нападнат од крокодил во саботата додека пливал во река во Рио Кањас во провинцијата Гуанакаст, Костарика.

На ужасната снимка се гледа како крокодилот го влече телото на жртвата. На друго видео се гледа како мештаните го следат со чамец пред полицијата да го убие и да го однесе телото на жртвата до брегот на реката.

Лопез беше фудбалер на аматерскиот Депортиво Рио Кањас и татко на две деца на возраст од осум и три години.

Вознемиреното семејство апелираше до јавноста да помогне во плаќањето на трошоците за погреб, додека неговиот тим менаџер Луис Карлос Монтес исто така организира собирање средства.

Клубот му оддаде почит на починатиот млад човек.

– Почивај во мир Чучо! Се сочувствуваме на болката на твоето семејство – се вели во соопштението.

Министерството за животна средина на Костарика забранува лов или убивање на заштитени животни, вклучително и крокодили. Меѓутоа, локалната полиција одлучи дека има дозвола според законите за дивиот свет во Централна Америка да го „ослободи телото од вилиците на рептилот“ и да го убие крокодилот.

– Треба да се појасни дека биле направени сите напори телото на починатиот да се спаси без да му се наштети на крокодилот, но тоа не било можно – се вели во соопштението на полицијата.