На општините Тетово, Чаир, Теарце и Кисела Вода, проектите одобрени од унгарски заем се во различни фази на подготовка
Општините почнаа со тендери за инфраструктурни и капитални проекти финансирани од унгарскиот заем што Владата го даде минатата година. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, потенцира дека од четири подржани проекти, за три постапките се целосно завршени, додека за еден градежните работи само што се започнати.
Општина Теарце, чии проекти првично беа одбиени, но беа одобрени во дополнителниот рок, очекува во рок од 90 дена да ги заврши тендерските постапки за двата проекти финансирани од Владата, а кои вкупно тежат над 760 илјади евра.
„Двата главни проекти што ги доби општина Теарце се фекална канализација за три населени места, Пршовце, Глоѓи и Доброште, вреден 44 милиони денари, од кои 40 милиони се одобрени од Министерството за транспорт. А вториот проект е патна инфраструктура меѓу селата Непроштено и Лешок, чија вредност е 9 милиони, а 7 милиони одвои Министерството. Два проекти се во завршна фаза на подготовка на тендерот и верувам дека генерално ќе се реализираат во рок од 90 дена. Средствата кои се наменети се префрлени на соодветните сметки и стојат на располагање на нашата општина“, рече Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.
Постапката во Општина Тетово во моментов е во фаза на избор на изведувачи за трите проекти одобрени на владиниот повик.
„Владата одобри три проекти вредни 230 милиони денари. Овие проекти се во фаза на избор на изведувачи и се очекува во рок од еден месец да се потпишат договорите по изборот на компаниите што ќе ги спроведуваат овие проекти„, рече Нуредин Деари, шеф за финансии во општина Тетово.
Средствата не се пуштени, средствата се пуштаат врз основа на ситуации и работа што треба континуирано да се врши.
Овие проекти се очекува да бидат завршени во 2025 година.
Во меѓувреме, во тендерска постапка се и проектите на општина Чаир која доби средства за реализација на инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција на водоводната мрежа, фекална и атмосферска канализација.
„Во проектите за реконструкција на патиштата Дижонска 15 и 17, тендерскиот процес е завршен и сме во законскиот рок од 5 дена за поплаки од економските оператори. Во проектот за реконструкција на улицата Ковачка, населба Саук Чешма, тендерот е отворен и постапката е во фаза на евалуација на понудите. Во проектот за Дижонска процесот премина во фаза на јавно отворање, додека во проектот за реконструкција во населбата Саат Кула се уште се во процедура јавните набавки„, велат од Општина Чаир.
За општинските проекти Владата издвои над 100 милиони евра од 500-те милиони унгарски заем, додека има најави дека нов повик ќе биде објавен во февруари или март. Вкупната вредност е планирана да биде 250 милиони евра.