На Светското првенство во 2030 година би можеле да учествуваат дури 64 репрезентации

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја разгледа можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации по повод 100-годишнината од овој спортски настан, објави денеска Њујорк Тајмс.

Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Мароко, Шпанија и Португалија, а Аргентина, Парагвај и Уругвај, каде што се одржа првото издание, ќе бидат домаќини на три натпревари.

Претходниот формат на Мундијалот од 32 селекции веќе е проширен на 48 селекции за следното издание, чии домаќини следната година ќе бидат САД, Мексико и Канада.

Предлогот на уругвајскиот делегат Игнасио Алонсо за проширување на 64 репрезентации за Светското првенство во 2030 година беше претставен на крајот на состанокот, се вели во написот на Њујорк Тајмс.

Сепак, предлогот беше дочекан со вчудовиден молк од учесниците на состанокот.

Тој додаде дека ФИФА најверојатно ќе се води од финансиските и политичките интереси, исто како и спортските, при одлучувањето за предлогот.

Тајмс додава дека претседателот на ФИФА Инфантино го опишал како интересен предлог кој треба да се анализира подетално.