На Северина поради стресот околу старателството ѝ се слошило: Завршила во болница а овие луѓе постојано се со неа (фото)

Северина додека била на одмор во Тајланд ја дознала веста дека Врховниот суд во Хрватска одлучил зањсничкото старателството над детето да го има Милан Поповиќ. Пејачката штом го слушнала тоа веднаш ги спакувала куферите и пред време се вратила во Загреб за да види кои следни чекори ќе ги преземе со својот адвокатски тим.

Северина

Според пишувањата на српските медиуми, таа многу тешко ја прифатила одлуката на судските органи, па дури побарала итна медицинска помош во клиника во Загреб бидејќи и’ се слошило од стрес. Таа постојано плачела, а со неа постојано се нејзината мајка, братучетка и блиски пријатели.

Инаку, Северина на својот Инстаграм даде трогателна објава.

– Го носам од кога беше како мала капка. Откако тој се роди, бевме само ние двајца. Прв заб, прва температура, први чекори. Тато повремено се појавуваше (како и до денес) и си заминуваше. И тогаш одеднаш реши да стане татко. Оттогаш, речиси 11 години, траат тортурата и агонијата на мене и на моето дете. Никогаш не сум го кренала гласот на моето дете. Апсолутно нема причина детето да не живее во домот каде што е родено, со мене, со баба му, со луѓето кои ги познава од раѓање – истакна Севе, а потоа продолжи:

– Ќе се борам до последната капка крв. Моето дете оди на училиште и живее во Загреб, за разлика од неговиот татко. Поедноставено, ова всушност значи дека повторно ќе го видам моето дете кое го родив, кое го одгледувам, кое живее со мене од раѓање, во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд, сабота и недела. Велат дека ја укинале пресудата од процедурални причини. Проклети да сте вие и „процедурални причини“. Ми се гади од корупцијатс во оваа држава. Еднаш успеавте, овојпат нема – напиша Северина во својата објава.

Милан Поповиќ, Северина

Недолго потоа, Милан Поповиќ очекувано се огласи задоволен од одлуката.

– Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата е донесена со едногласна одлука на совет од пет врховни судии. Одлуката е праведна и јас сум задоволен, но приказната сè уште не е завршена. И конечно, оваа одлука не значи дека мајката нема да може да го види детето. Во тие 20 месеци кога детето живееше со мене, мајката не дојде да го земе детето повеќе од половина од рој период, а што е уште полошо, не ни побара повеќе да биде со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156 – истакна Поповиќ за РТЛ.