НА СРБИЈА И СЕ ЗАКАНУВААТ ОСТРИ САНКЦИИ !? Еден од убиените на Косово е телохранителот на Александар Вулин
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свецла објави нова информација за нападот врз косовската полиција што се случи оваа недела, пишува Klix.ba.
„Вчера преку снимката бевме сведоци на присуството на главниот криминалец и водач на терористичката акција Милан Радојчиќ. Во меѓувреме, потврдено е дека еден од убиените е Бојан Мијаиловиќ, телохранител на српскиот шеф на БИА (Агенција за безбедност и информации) Александар Вулин, кој исто така учествувал во чинот за време на неговата посета на Република Косово во 2013 година“, вели Џељаљ Свецла.
Министерот го повтори својот став дека Србија е директно вмешана во нападот.
„Државата Србија е водечката рака вклучена во овој терористички напад чија цел е дестабилизација на Република Косово. За тоа веќе има формална и структурна поврзаност на вмешаноста на Александар Вучиќ во нападот на 24. септември во Бањска. Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа и телохранителот на Александар Вулин, шефот на БИА, се и санкционирани и на американската црна листа. Ова се и двете најблиски луѓе на српскиот претседател“, додава Џељаљ Свецла.
Тој посочува дека тоа е доказ дека Србија не се променила од 90-тите.
„Овие факти се уште еден доказ дека целите на Република Србија кон Република Косово не се сменети од режимот на Слободан Милошевиќ, поранешен министер за пропаганда на тој режим, сега претседател на сегашниот режим во Србија. И најголемите оптимисти кои веруваа во промени, деновиве се уверија во спротивното“, заклучи министерот.
Нападите на косовската полиција ги осудија САД и Европската унија, а упатија повици сторителите да се изведат пред лицето на правдата.
Многу членки на Европската унија бараат воведување мерки против Србија доколку се докаже поврзаноста на Белград и нападите во Бањска, наведуваат дипломатски извори на Радио Слободна Европа, без да го прецизираат бројот на инволвирани земји.