ЧУДО ОД АВТОМОБИЛ – Дончиќ се појави во „тенк“ со 850 коњски сили, Американците останаа зачудени што возел Словенецот

(Вториот) најдобар кошаркар на денешницата и прва ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ по одморот се врати во САД со цел да се подготви за новата НБА сезона која го очекува него и неговиот тим.

Покрај многуте добри потези кои Словенецот ги демонстрира на паркетот, овојпат вниманието го привлече и со својот автомобил со кој дојде во тренинг центарот во Далас.

Дончиќ се појави во гаражата на Центарот на Американ Ерлајнс во автомобил кој наликува на тенк. Тоа е џипот Апокалипса 6х6, со кој Лука често доаѓа во салата.

Неговата појава во овој грандиозен автомобил секој пат ги воодушевува администраторите на Mavs, така беше и овој пат.

Кога станува збор за возилото „Apocalypse Hellfire 6×6 Super Truck“, тоа е специјална серија на компанијата Jeep. Возилото има мотор кој има импресивни 850 коњски сили, кој достигнува брзина од 100 km/h за само 3,7 секунди.

Ако сакате да го поседувате, за овој луксуз ќе треба да издвоите 250.000 американски долари.

Досега се продадени само 150 примероци од овој лимен миленик, од кои 120 се во САД, а дел се уште се возат само во Канада, ОАЕ, Индија, Нов Зеланд, Бразил, Мексико, Германија и Камбоџа.