На страшен начин го изгуби синот: Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“ доживеала трагедија која ја заледува крвта во вените (фото)

Босанско-херцеговската актерка  Белма Лизде Курт, која публиката ја памети по легендарната улога во серијата „Луд, збунет, нормален”, го толкуваше ликот на симпатичната куќна помошничка Рабија Бубиќ-Буба, а со години е во брак со режисерот Алеш Курт. 

Иако со години на малите екрани ја смееше публиката ширум регионот, нејзината судбина не беше баш исполнета со радост. Нејзиниот живот го одбележа голема трагедија.

Пред 14 години овој пар го загуби синот во страшна несреќа. Десетгодишниот  Јан Исак  починал во Канада кога бил кај роднините. Несреќата се случила во кајак. 

Момчето било во кајакот со својот братучед, а според странските медиуми, сопругот на исчезнатата жена повикал полиција, а веднаш потоа следела масовна потрага. Авиони и чамци кружеле околу областа, а превртениот кајак бил пронајден 24 часа подоцна. Телото на Јан и неговиот роднина бил пронајдени шест часа подоцна покрај подводниот гребен.

Тие биле пренесени во болница, по што момчето починало од премрзнување.

По трагедијата, сараевските уметници никогаш јавно не проговорија за загубата на својот син. Тие целото свое внимание го фокусираа на воспитувањето на нивната помала ќерка Ума. Белма преку бројни театарски работилници се посвети на работата со деца, а својата креативност ја насочи и кон модата. Инспирирана од нејзината наследничка, таа дизајнираше модна линија за најмладите наречена „Uma’s Closet“.

– Сакав да создадам нова димензија, која во голема мера доаѓа од мојата љубов кон театарот и раскажувањето. Но, плакарот на Ума е во исто време и мој бунт против консумеризмот и непочитување на нашето културно наследство. Голем обожавател сум на децата и нивната перцепција за светот, сакам да се зближувам со нив и да станам нивна пријателка на некој начин – открила актерката во интервју за магазинот „Азра“.