Ќофтиња направени од храна која Новак Ѓоковиќ постојано ја јаде! Мора да го пробате ова јадење, ќе бидете воодушевени

Посните ќофтиња од киноа и зеленчук сигурно ќе ве воодушеват, бидејќи зрното кое му дава посебен вкус на ова јадење е омилено и на светскиот тенисер број еден – Новак Ѓоковиќ.

Познато е дека омиленото жито на Новак Ѓоковиќ е познато и како „кралица на семките“, а токму киноата во комбинација со зеленчук на овие ќофтиња им дава неодолив вкус.

Ви пренесуваме рецепт за ќофтиња од киноа и зеленчук на кои ниту еден член од семејството нема да може да одолее :

Состојки:

1 чаша киноа
1 морков

1 мала тиквичка
1 црвена пиперка
1 кромид
2 чешниња лук
2 лажици свеж магдонос
2 лажици свеж коријандер
2 лажици маслиново масло, сол
и бибер по вкус
копар (опционално, за дополнителен вкус)

 

Подготовка:

Измијте ја киноата co ладна вода, а потоа исцедете ја. Во тенџере се става вода и киноа, па се вари покриен околу 15 минути, додека водата не испари и киноата не омекне.

Додека киноата се готви, загрејте го маслиновото масло во тава на средно-висок оган. Додадете ситно сечкан кромид и лук, па динстајте додека кромидот не порумени. Во тавата додадете ситно сечкани моркови, тиквички и црвен пипер. Варете го зеленчукот додека не омекне.

Кога киноата ќе биде готова, додадете ја во тавата со зеленчукот. Додадете сечкан магдонос, коријандер, сол, бибер и копар по вкус. Сите состојки убаво измешајте ги да се соединат. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја смесата да се олади неколку минути.

Од смесата формирајте мали топчиња со големина на ќофтиња и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути.