На таткото на малиот психопат од ,,Рибникар” му се одземени сите пари: Еве кој ќе му ги ,,чува”

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејството на убиените деца во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на момчето-убиец од Врачар да се префрлат на депозит на јавниот извршител.

Во исто време, судот и’ наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите ќе бидат во депозит на јавниот извршител, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членови на семејството на убиените), каде што ќе се чуваат до конечно завршување на кривичната постапка, беше потврдено за српските медиуми.

Тоа значи дека сите пари од сметката на семејството ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител.

Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението.

Да потсетиме, таткото на момчето-убиец од Врачар е во притвор под сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. На неговата сопруга, односно мајката на момчето, судот и’ забрани да става под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име.

Одлуката на судот беше донесена кога адвокатот на девет семејства, чии деца беа убиени, ја побара таа мерка во нивно име бидејќи се стравуваше дека обвинетиот ќе ја спречи или значително ќе ја одложи наплатата. Одземено е онолку колку што е потребно за да се обезбедат барањата на семејствата на убиените деца.