МНОГУ НАВИВАЧИ ГО ЧЕКАА ОВОЈ МОМЕНТ – Лионел Меси и Луис Суарез повторно заедно ќе ги “тероризираат“ противниците: Уругваецот потпишува за Интер Мајами

Еден од најдобро информираните фудбалски новинари, Фабрицио Романо, пренесе вест која ги воодушеви сите љубители на фудбалот.

Имено, Лионел Меси и Луис Суарез повторно ќе ги видиме заедно на фудбалскиот терен, бидејќи Интер Мајами договори соработка со славниот голгетер.

Луис Суарез со новиот клуб ќе потпише едногодишен договор, а официјализирањето на соработката треба да биде на крајот на следната недела.

Да потсетиме дека Лионел Меси и Луис Суарез играа заедно во Барселона, каде оставија голема трага и му донесоа многу трофеи на каталонскиот клуб.