Силен земјотрес ја погоди Русија!

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Русија во петокот наутро, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот е регистриран на 148 километри северно од градот Петропавловск-Камчатски, долж источниот брег на полуостровот Камчатка, со епицентар на длабочина од 67 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета и потенцијални жртви.Земјотресот се случил утрото во 11 часот и 26 минути. Земјотресите во и околу Камчатка се многу чести бидејќи областа се наоѓа во близина на пацифичкиот „огнен прстен“ каде често се забележуваат вулкански ерупции.

Земјотресот се случил утрото во 11 часот и 26 минути.

Земјотресите во и околу Камчатка се многу чести бидејќи областа се наоѓа во близина на пацифичкиот „огнен прстен“ каде често се забележуваат вулкански ерупции.