Падна договор меѓу Киев и Загреб: Украина реши важен егзистенцијален проблем

Хрватските пристаништа ќе се користат за извоз на украинско жито, деталите сè уште се координираат, најави украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба по разговорот со хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман кој пристигна во Киев.

– Се договоривме хрватските пристаништа на Дунав и Јадранското Море да можат да се користат за транспорт на украинско жито. Сега ќе работиме на создавање на најефикасни рути до овие пристаништа и максимално искористување на оваа можност – рече Кулеба, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи.

Украинскиот министер рече дека oружјето е главна тема на преговорите денеска.

– Од очигледни причини нема да давам детали. Само ќе кажам дека има конкретни договори кои наскоро ќе се спроведат – рече Кулеба.

Како што додаде прес-службата на украинското МНР, „преговорите и прес-конференцијата во Киев се одржаа во хибриден формат“.

Дмитри Кулеба учествуваше во онлајн режимот во самоизолација по позитивен тест за Ковид-19, објаснуваат од Министерството за надворешни работи.